Најголем интерес за рата "пола - пола"

Bez autora
Jan 28 2013

Од граѓаните кои побарале субвенциониран станбен кредит најмногу биле заинтересирани за опцијата пола-пола" месечна рата, во којашто државата во првите пет години ќе плаќа половина од месечниот ануитет. Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, за една година откако стартуваше овој проект, 110 граѓани добија субвенциониран кредит за проектот Купи куќа - купи стан". Најмногу апликации се поднесени за купување стан во Скопје, но има граѓани кои купуваат станови или градат куќи во внатрешноста - рече Ставрески, кој на околу дваесет граѓани им додели нови одобренија за субвенционирање на станбените кредити. Според него овој проект кој влегува во втората година има голема човечка димензија.

Најголем интерес за рата "пола - пола"Од граѓаните кои побарале субвенциониран станбен кредит најмногу биле заинтересирани за опцијата пола-пола" месечна рата, во којашто државата во првите пет години ќе плаќа половина од месечниот ануитет.

Според вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, за една година откако стартуваше овој проект, 110 граѓани добија субвенциониран кредит за проектот Купи куќа - купи стан".

- Најмногу апликации се поднесени за купување стан во Скопје, но има граѓани кои купуваат станови или градат куќи во внатрешноста - рече Ставрески, кој на околу дваесет граѓани им додели нови одобренија за субвенционирање на станбените кредити.

Според него овој проект кој влегува во втората година има голема човечка димензија.

- Без разлика дали прашањето го решава млада брачна двојка која живее во заедница, дали е самохран родител со деца или слично, со поддршка од Владата решава големо животно прашање. Владата им помага на луѓето на кои им е најмногу потребна поддршка и во најсоодветниот период, а тоа е на почетокот кога треба да се дособерат пари и кога секој денар е значаен да се аплицира за станбен кредит - вели министерот.

Овој проект е наменет токму за граѓаните кои имаат одредени приходи, но немаат доволно или им недостасуваат малку за да може да добијат станбен кредит или сакаат да го добијат со подобри услови.

Граѓаните имаат можност да аплицираат за две варијанти. Во првата Владата неповратно ќе обезбеди средства за половина од месечната рата од станбениот кредит во првите пет години. Каматната стапка е 4,99% за првите три и 5,5% за следните две години.

- Поддршката од Владата во случајот кога граѓанинот го одбира моделот половина ратаа достигнува и до 10 илјади евра - додава Ставрески.

Александра Манолева, самохрана мајка од Скопје, добитник на субвенциониран кредит вели дека по сите направени анализи се одлучиле да го изберат моделот половина рата".

Со вториот модел државата ќе плати половина од учеството за кредитот. Рокот за аплицирање е до крајот на мај. До сега банките исплатиле 3,5 милиони евра за одобрени станбени кредити, од нив Владата субвенционирала 640.000 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik